Се санираат ударните дупки низ охридските улици

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид , пред почетокот на месец мај годинава започна градежната акција за крпење на ударни дупки и санирање на прекопи и навлаки на улиците низ градов.

Досега акцијата за крпење на ударни дупки се спроведе низ поширокото централно градско подрачје и тоа по должината на улиците:„Славеј Планина“,„7-ми Ноември“,„Егејска“ , делови од „Туристичка“.

Во рамки на акцијата се асфалтираат и санираат тротоарски површини на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“,непосредно пред зграда Кифла.

Изведувач на градежните работи е фирмата „ИВ-Стил“ градба од Кичево.

Акцијата ќе продолжи и во наредните работни денови,по планот и динамиката утврдени со Годишниот план за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.