Разбојништво во казино во Струга

Утрово околу 03:30 часот во Струга, на ул.„Кеј Борис Кидрич“ поточно во казино „Астра Клуб“од страна на две непознати маскирани лица од кои едниот вооружен со пиштол било извршено разбојништво и од вработената одзеле сума на пари од околу 520.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.