Денови на македонската фотографија во Охрид

Институтот за филм – филмска академија Охрид и Фото сојуз на Македонија организираат „Денови на македонската фотографија “ од 20.05.2016 година до 25.05.2016 година.

• Пристигнување на учесниците на ДМФ во попладневните часови во Охрид и сместување во хотел Табана, до 19 и 30h.

• 20.00 ч. – проекција на документарен филм за Вивиен Маер во Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА) – Охрид

• Дружење на учесниците

Сабота, 21.05.2016 година

Од 11.00 ч. – блок со презентации и видеа за фотографите во Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА):
• Цветан Гавровски,
• Боро Рудиќ,
• Александар Кондев,

• Љупчо Илиевским
• Фото кино клуб „Битола“,
• Презентација на колекции на автори кои добиле звања Ф1 ФСМ во минатата година: Дејан Ангеловски, Филип Илиевски, Глигор Максимовски од ФК „Козјак“ и Дејан Колевски – самостоен автор,

• Проекција на краток докуметарен филм – “Dark Light: The Art of Blind Photographers”,

• 20.00 ч. Отворање на изложбата на фотографии – Денови на македонската фотографија – 2016, во Домот на културата во Охрид.

• Дружење на учесниците

Недела, 22.05.2016 година

• 09.00 ч. Прошетка со фотографирање и дружење, со брод, од Охрид до Св.Наум и назад (ако има интерес кај учесниците, со посебна доплата од 8 евра)

• 10.00 ч. Прошетка низ Охрид со фотографирање и дружење на учесниците (ако не се реализира патувањето до Св.Наум)

• 12.00 ч. Напуштање на хотелот, слободно време и враќање дома.