Гоце Недески е нов началник на СВР Охрид

Со решение на министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков од 20.05.2016 година, а во согласност со Законот за внатрешни работи, на должноста началник на СВР Охрид е поставен Гоце Недески, досегашен началник на одделението за криминалистичко-разузнавачка анализа.

Во досегашното 18 годишно работење во СВР Охрид, Недески одговорно и успешно извршувал повеќе работни задачи а раководел со отсекот за економски криминал и за граници и странци. Недески посетувал повеќе меѓународни обуки за борба против организиран криминал како и меѓународни полициски академии во Унгарија, Германија и Египет.

Гоце Недески дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје.