Здруженијата на Власите од Охрид и Струга ќе го одбележат Националниот Ден на Власите

Здруженијата на Власите од Охрид и Струга оваа година заеднички ќе го одбележат 23 мај – Националниот ден на Власите.

23 Мај е денот кога кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пати ги признал Власите како посебен народ, со право да се образуваат на својот мајчин јазик, да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, да имаат свои инспектори по училиштата. Влашката заедница, кај нас е присутна со векови, и е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ. Власите во Македонија, секогаш, со своите соседи го делеле доброто и злото, убавото и лошото, а со своето активно ангажирање и лојалност дале голем придонес во развојот.

Во Охрид и Струга постои голема влашка заедница и 23 мај, Националниот ден на Власите, ќе се одбележи со заеднички настан кој ќе се одржи во Понеделник (23.мај) , во 18 часот во просториите на колеџот Јахја Кемал во Струга.