Денес околу 17:30 часот на патот Охрид-Гостивар, на превојот „Стража“, од засега непознати причини се запалил автобус со српски национални ознаки, управуван од З.Д. (44) од Р.Србија.
Екипа на Територијалната противпожарна единица-Кичево го изгаснала пожарот. Од пожарот автобусот целосно е изгорен, додека повредени патници нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
WebOhrid/Фото: Гоце Тренески