Полскиот министер за внатрешни работи во посета на Република Македонија

Денес висока делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Полска предводена од Министерот за внатрешни работи г. Мариуш Блашчек го посети Министерството за внатрешни работи на Република Македонија при што оствари работна средба со министертот за внатрешни работи м-р Митко Чавков.

На средбата беа потврдени заложбите за досегашната меѓусебна соработка и воедно двајцата министри изразија надеж за продлабочување на истата, при што министерот Чавков се заблагодари за досегашната поддршка и помош на Република Полска за Република Македонија.

По завршувањето на средбата двете делегации се упатија кон Прифатниот центар „Винојуг” во Гевгелија, при што ќе остварат средба со полскиот контингент составен од 30-те припадници на полската Гранична стража, кои во моментов се наоѓаат во Република Македонија и заедно со македноските полициски службеници вршат задачи и операции за поуспешен надзор и контрола на границата.