Основци од Охрид утре во посета на спортски терени, објекти и клубови

Во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови Охрид, популаризација на спортот, утре во периодот од 10:00-13:00 часот, во соработка со Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти и Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец, ќе се промовираат одредени спортски терени, објекти и клубови.

За таа цел ќе биде посетeна спортска сала, големиот фудбалски терен и теренот за фудбал со вештачка трева при ЈП „Билјанини Извори“. Потоа ќе бидат посетени Кајак кану клубот „Стрмец“ и Едриличарскиот клуб „Стрмец“. Се очекува присуство од над 150 ученици.