Зголемен бројот на ликовни изложби, колонии и нивни учесници и посетители

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, бројот на организираните ликовни изложби изнесува 595 и во споредба со 2014 година е зголемен за 5.3%. Во истиот период, за 3.7% е зголемен бројот на ликовните уметници-учесници на изложбите, а за 2.3% е зголемен бројот на посетителите на ликовните изложби.

Во 2015 година се организирани 26 ликовни колонии, а бројот на учесниците, во споредба со 2014 година, е зголемен за 12%.