Започна асфалтирањето на патот кај месноста „Кромидишта“ во Рача

Денеска започнаа градежните активности за асфалтирање на патниот правец во населбата Рача кај месноста викана „Кромидишта“.

Во рамките на овој проект којшто Општина Охрид го реализира со средства од Агенцијата за рурален развој ќе бидат асфалчтирани околу 900 метри,а за реализацијата ќе бидат издвоени 2.900 000 денари.

Се очекува до почетокот на шпицот на летната сезона да биде завршено асфалтирањето на оваа значајна делница во туристичкото место Рача.

Изведувач на активностите е АД „Бауер БГ“ од Скопје.