Активности на ЈП „Охридски Комуналец“ во стариот дел на Охрид и Коњско

Во текот на вчерашниот ден и денес екипите на „Паркови и зеленило ” и „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” во координирана работна задача беа ангажирани на уредување во дел од стариот дел на Охрид или познат како „Месокастро” и во населбата „Исток”, која се наоѓа над хотелот „Гранит”, поточно во Коњско.

„Беше искосена и исчистена тревата покрај улиците и пешачките патеки со цел да се зголеми видливоста на патиштата и безбедноста на граѓаните.“– велат од претпријатието.

FotorCreated1-2