Промоција на едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Во петок, 10 јуни, во просториите на Библиотеката ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.

Промотор ќе биде Проф.Д-р Виолета Ачкоска, а пред присутните ќе се обрати и директорот на Библиотеката Александра Белевска.

Настанот ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Со оваа промоција Библиотеката започнува да го реализира проектот за „Промоција на изданија кои со одлука на Владата на РМ и се доделени на Библиотеката и се наменети за продажба“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Во следниот период Библиотеката ќе ги промовира и другите едиции, чии дела ги продава по поволна цена на читателската публика. Во иднина ќе бидат промовирани и дела од капиталните едиции „Ѕвезди на светската книжевност“, дел од едицијата „Македонски искушенија“ како и изданија од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“.