Охрид домаќин на меѓународна конференција за лансирање

Советот на Европа, во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа – проект iPROCEEDS на таргетирање на казниви дела на интернет во Југоисточна Европа и Турција ќе организира меѓународна конференција за лансирање. Средбата ќе се одржи во Охрид од 13 до 14 јуни, 2016 година.

Конференцијата ќе овозможи целосен преглед на националните капацитети и потреби во врска со компјутерскиот криминал, таргетирање на казнивите дела и спречување на перење пари на интернет.

Конференцијата ќе ја отворат Министерот за внатрешни работи на Република Македонија – Митко Чавков, Јавниот обвинител на Република Македонија – Марко Зврлевски, Амбасадорот на Европска Унија во Република Македонија, Аиво Орав, Раководителот на одделението за компјутерски криминал од Советот на Европа – Александар Сегер и проект менаџерот на програмата за компјутерски криминал од канцеларијата на Советот на Европа – Мариана Чицу.