Зголемен бројот на домашни и странски туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2016 година изнесува 57 462, а бројот на ноќевањата изнесува 118 111.

Бројот на туристите во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 9.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.9%.

Бројот на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 16.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.0%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, езголемен
за 23.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.9%.

Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.9%, а кај странските има зголемување за 12.5%.

Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 27.7%, а кај странските има зголемување за 12.6%.