Светски ден за подигнување на свеста за злоупотребата на старите лица

Генералното собрание на Обединетите нации, во својата резолуција 66/127, го назначи 15-ти Јуни како Светски ден за подигнување на свеста за злоупотребата на стари лица. Тоа претставува еден ден во годината кога целиот свет го изразува своето противење на злоупотребата и страдањето нанесено кон некои од нашите постари генерации.

Глобалната популација на луѓе на возраст од 60 години и постари ќе се зголеми двојно, од 542 милиони во 1995 година на околу 1,2 милијарди во 2025 година. Околу 4% до 6% од постарите луѓе имаат доживеано некој облик на малтретирање во домот. Малтретирањето кај старите лица може да доведе до сериозни физички повреди и долгорочни психолошки последици. Инциденцата на злоупотреба кон постарите луѓе се предвидува да се зголеми, бидејќи многу земји се соочуваат со брзо стареење на населението.

Злоупотребата на стари лица е глобален социјален проблем кој влијае врз здравјето и човековите права на милиони постари лица од целиот свет, и е прашање кое заслужува внимание од меѓународната заедница.

„На овој ден, ги повикувам земјите-членки и граѓанското општество да изнајдат решение и да ги удвојат своите напори за елиминирање на сите форми на злоупотреба и насилство врз постарите луѓе.“ – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, по повод овој ден.

WebOhrid