Шкендија, Работнички и Силекс ги добија противниците во квалификациите за Лигата Европа.
Шкендија ќе игра против Краковија од Полска, Силекс против Вадуз од Лихтенштајн, а Работнички против Будуќност од Подгорица, Црна Гора.
Првите натпревари треба да се одиграат на 30 јуни, додека пак повратните дуели на 7 јули. Шкендија и Работнички ќе започнат на свој терен, а Силекс ќе гостува. Дополнително ќе се утврди времето на одигрување.
WebOhrid