Исчезнатиот маж од Рача пронајден мртов кај Велестово

Во врска со настан „исчезнато лице“ опишан во билтен од 16/17.06.2016 година, на 21.06.2016 година во 12.30 часот на м.в.Селиште, атар на с.Велестово, од страна на волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст-Охрид, пронајден бил машки леш, за кој по извршената идентификација од сопругата, констатирано е дека се работи за К. Ф. (64) од с.Рача, охридско.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција.