Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески јавно ги повикува сите физички и правни лица да дадат свои предлози, идеи и сугестии за именување на следниве локации: мал плоштад кај поранешна библиотека, плоштад кај мини – маркет, Булевар Туристичка и Улица Железничка.
Граѓаните и правните лица своите предлози можат да ги испратат преку архивата на општина Охрид во затворен плик адресиран до Градоначалникот или на следнава електронска пошта gradonacalnik@ohrid.gov.mk. Рокот за доставување е десет дена од денот на објавата.