Верниците масовно се упатуваат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Верниците вечерва масовно се упатуваат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани, по повод празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Голем број верници го посетија манастирот, палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа.

Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии.

По повод празникот утре ќе биде отслужена и света литургија.

За многу години!