ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2016/2017

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2016/2017 година. Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа:

– Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование

за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование);

за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование).

– Во Спортската академија за спортски талентираните ученици според наставен план и програма за гимназиско образование-спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралека по фудбал.

Приемот на документи во првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе се врши на 28 и 29 јуни 2016 година, додека за второто пријавување на 4 јули 2016 година.

Во прва година учениците ќе бидат запишани во 8 паралелки во угостителско-туристичката струка и во 3 паралелки во Спортската академија.

„Добредојдени сте да бидете дел од ова училиште. Придружете се каде што се образуваат квалификувани стручни кадри од областа на угостителството и туризмот како приоритетна стопанска гранка во развојот и афирмацијата како на Охрид така и на државата, врвни спортисти и идни репрезентативци на националните селекции. Диплома којашто е меѓународна призната и каде што теоријата се преточува во практика, се негува толеранција и другарство, натпреварувачки дух и учество на многу државни и меѓународни натпревари. Резултатите се видни и се остваруваат и најважното можност за вработување и отворање сопствен бизнис. Правилниот избор е единствениот пат кон успехот. Вашето образование е ваша иднина. Придружете се!“– велат од ОУТУ „Ванчо Питошски“ – Охрид.

OUVancoPitoseskiUpis2016_2