9 години Лајонс клуб Охрид

Со хуманитарна забава вчера во Кадмо бар, Лајнс Клуб Охрид го одбележа својот девети јубилеј, заедно со членови на другите лајнс клубови од Охрид, гости од сродните клубови, многубројни пријатели на клубот и хумани граѓани на Охрид. Со оваа прослава се заокружи уште една успешна и плодна година во која членовите на клубот водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредности, како и афирмација на суштината на лајонизмот, се ангажираа во организација на многубројни настани и активности.

Се потрудивме да ја оправдаме одговорноста која како претставници на лајонизмот во Македонија ни е доделена, преку обезбедување на помош на оние на кои им е најпотребна – рече овогодинешниот претседател на ЛЦ Охрид Сашо Вучетиќ.

Посебно признание за својот придонес во ширење на лајонизмот, за огромната мотивираност и ангажман доби членот на ЛЦ Охрид, Климе Шешоски кој истакна дека ова признание претставува поттик за да продолжи со и понатаму со максимална посветеност.

Традиционално се додели и наградата “Горна порта” која секоја година се доелува на заслужни граѓани кои преку својата работа го промовирале Охрид во рамките на нашата држава и пошироко. Оваа година ова признание му беше доделено на доктор Петар Бачевски, за неговиот 30 годишен лекарски ангажман, исполнет со многубројни научни трудови, предавања, проекти во областа на дерматовенерологијата како и популаризација и афирмација на апитерапијата и корисноста на пчелините производи.

На крај на вечерта беше повикан новиот претседател на ЛЦ Охрид, Љупчо Жупан кој вети уште поуспешна година, исполнета со мнгу проекти, хуманитарни активности и обезбедување помош на оние на кои им е најпотребна.