Поетско читање за љубителите на пишаниот збор на малиот плоштад кај Мини Маркет

Црвен крст Охрид веќе една година реализира програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на стари лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебрца. Програмата ја спроведуваат волонтерите на Црвен крст Охрид, а оваа година таа е поддржана и од локалната самоуправа на Охрид.

За корисниците на оваа програма и за сите заинтересирани наши сограѓани, љубители на пишаниот збор, Црвен крст Охрид на ден 30.06.2016 г. (четврток), на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) со почеток во 19 ч. ќе организира поетско читање. На овој настан волонтери на Црвен крст Охрид, од различни возрасти, на повеќе јазици, ќе читаат поетски творби и ќе испратат порака за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица.

Plakata-mediumi