Во Прага започна снимањето на филмот „Човекот и песот“ од Антонио Вељаноски

Денеска во Прага, Р.Чешка започна со снимање на краткометражниот игран филм Човекот и песот во режија на Антонио Вељаноски.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија. Човекот и песот го работи Стори Скоп Продукција – Охрид во соработка со Студио ФАМУ – Прага. Филмот ќе се реализира во студиото Барандов како и на повеќе локации во Прага.

Главната улога ја толкува големиот чешки актер Јан Качер кој зад себе има богата филмографија како и добро познатата Марија Дурнова.

Продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски Летра, директор на фотографија е Владимир Димоски, Асистент на Режија Франческо Монтањер (добитник на златен лав на филмскиот фестивал во Венеција), Автори на сценариото се Антонио Вељаноски и Алице Крајчирова, Арт директор е Катерина Јирманова, звук Матеј Хрудина.

Снимањето ќе трае една недела и се очекува на големото платно да ја има својата премиера кон крајот на оваа година.