По трет пат „Баскерфест“ пред охриѓани

Заедно со манифестацијата „Бело лето“, по трет пат пред охриѓани ќе продефилираат уличните артисти на фестивалот „Баскер фест“, кој ќе трае до 3ти јули. Дваесетина изведувачи со атрактивни жонглериски акробации, ќе ги забавуваат охриѓани на трите градски плоштади и по должина на кејот.

„Веќе 11 години сме пристуни во Македонија со интернационална артистичка екипа и се потешко е да ја изненадиме публиката, но сепак ќе се потрудиме да бидеме атрактивни за охриѓани и гостите “– изјави Сандра Темова од организациониот одбор на „Баскер фест“.

Годинава пред охридската публика ќе се претстават улични уметници од Бразил, Шпанија, Јапонија, Хрватска и Македонија.