Младите автори од Охрид ќе добијат шанса за издавање дела преку проект на Фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО

Фондацијата „Македоника“, во соработка и со финансиска поддршка на „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО, утре (7-ми јули), во Охрид ќе го промовира проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“.

Настанот ќе се одржи во 11 часот во просториите на библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид.

Можност да учествуваат во проектот имаат сите автори на возраст од 18 до 30 години. Во период од 10 месеци, се очекува многу млади и непознати автори за прв пат да ги објават своите дела.

„Сите пристигнати дела што ги задоволуваат¬ критериумите за подобност ќе бидат објав¬ени во бесплатната дигитална библиотека н¬а Фондација Македоника. Издавачката комисија на проектот ќе ги из¬бере четриесетте најдобри што ќе бидат на¬градени со авторски хонорар. Делата од македонски автори ќе бидат обја¬вени на македонски јазик, а делата на јаз¬икот на етничките заедници ќе бидат објав¬ени двојазично, на мајчиниот јазик на авт¬орите и на македонски јазик. Во рамките на дигиталната библиотека ќе б¬иде организиран и социјален форум каде чи¬тателите ќе ги коментираат и оценуваат об¬јавените текстови. Најдоброто дело на проектот ќе добие спец¬ијална награда во вредност од 1.000 USD. Жанрот на делата за доставување не е огра¬ничен, т.е. авторите можат да конкурираат¬ со проза, поезија и драма. Авторите можат да конкурираат со едно или¬ повеќе дела“, објаснуваат од Фондацијата „Македоника“.

Од сите пристигнати текстови издавачката комисија на проектот ќе избере 40 дела од автори од сите етнички заедници кои ќе бидат објавени во бесплатната дигитална библиотека на Фондација „Македоника“.

Сите детали околу проектот ќе се објаснат на средбата во Охрид.