Оглас бр. 04/2016 за прибирање понуди за издавање на неиздадени – Слодбодни локации за поставување урбана опрема

Врз основа начлен 79, член 80, член 80А и член 81од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16 и 39/16),член 34 од Статутот на општина Охрид и,Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2016 год. бр. 08-17635/30 од 25.12.2015 (Сл.гласник на општина Охрид бр. 14/15) и Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2016 год. бр. 08-2815/7 од 29.02.2016 год. (Сл.гласник на општина Охрид бр. 03/16) Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

О Г Л А С БР. 04/2016
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НЕИЗДАДЕНИ – СЛОБОДНИ ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.
Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
ПРОДАЖБА НА СЛАДОЛЕД 18 НЕИЗДАДЕНИ – СЛОБОДНИ ЛОКАЦИИ;

Локациите за поставување на фрижидери се лоцирани по должина на Кеј „Македонија“ , плоштад „Крушевска Република“ и левата страна на пешачка улица кој води кон месноста „Горица“ од парцелата за обука на вода и тоа локации:
– улица “Цар Самоил” локација бр. 1,
– улица “7-ми Ноември” – локација бр. 2,
-улица „Климент Охридски“(чаршија)-локација бр.4;
– улица “Коста Абраш” – локација бр. 5,
– Кеј “Македонија” – локација бр.10,11,12, 13, 14 и 14а,
– пешачка патека кон Горица – локација бр. 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32 и 33;

На секој локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце(на површина од 4 м2).

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2016 година.

ПРОДАЖБА НА СУВЕНИРИ 39 НЕИЗДАДЕНИ – СЛОБОДНИ ЛОКАЦИИ

Локациите за продажба на сувенири се лоцирани по должина на Кеј „Македонија“ и левата страна на пешачка улица кој води кон месноста „Горица“ од парцелата за обука на вода според графичкиот прилог и тоа локации

Кеј „Македонија“ локации бр.6а,8,9,11а,12,13,14а,15,16а,17,18а,19,20,22а,24,26 и 27;

Пешачка патека кон„Горица“ локации

бр.3а,4а,5а,6а,7а,8а,9а,10а,11а,12а,13а,14а,15а,16а,17а.18а,19а,20а,21а,22а,23а и 25а

Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги од ЈП „Градски Пазар“ со димензии 2.00х1.00 односно 1.60х1.00.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2016 година.

ПРОДАЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ 1 НЕИЗДАДЕНА – СЛОБОДНА ЛОКАЦИЈА

Локациите за продажба на уметнички слики се наоѓаат на ул. „Св.Климент Охридски“ површината помеѓу ТЦ „Амам“ и угостителскиот комплекс „Летница“и тоа локација бр.3

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2016 година.

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) денови.

Почетна цена за издавање на локација е:

локација за поставување на фрижидери за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;

локација за продажба на сувенири на унифицирани тезги со почетна цена 3.000.оо (триилјади) денари/месечно;

локација за продажба на уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;

4.1 Почетната цена за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

4.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и користење на унифицираната тезга.

4.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

4.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7 (седум) денари од м2 дневно.

4.5 Договорите со најповолните понудувачи заточка 2.1 ,2.2 и 2.3,ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.

4.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.

Доставување на понуди

5.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2 од овој оглас.

5.2 Понудувачот треба да достави:

Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk

Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Трезорска сметка: 1000000063095
Уплатна сметка: 84015206553
Приходна шифра: 723914 Програма 00

Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);

Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Понудите по точките 2.1,2.2 и 2.3 да бидат со важност од 90 денови.

Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен коверт со назнака:
„НЕ ОТВОРАЈ“
Комисија за спроведување на постапка за неиздадени
– слободни локации за поставување
на урбана опрема бр. 04/2016
Дел:______________ ,Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, на пример 2.1 продажба на сладолед, Локација бр. 5)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57
6000 Охрид

Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

„НЕ ОТВОРАЈ“
„Да не се отвора пред
13.07.2016год.
16.00 часот.
Оглас бр.04/2016

Општина Охрид
Комисија за спроведување на постапка за неиздадени – слободни локации за поставување на урбана опрема бр. 04/2016
Дел:_______, Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)
ул „Димитар Влахов“ бр. 57
6000 Охрид

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.

Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.

Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до 13.07.2016во 16.00 часот.

Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди.

За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 5.2.

За локациите за кои ќе има само една понуда истите ќе се доделат без јавно надавање.

Предмет на јавно наддавање

Предмет на јавно наддавање е тримесечната конечна цена;

Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање или по понудената првична цена за локации за кои има само една понуда.

Пред склучувањето на договорот понудувачот е должен во целост да ѓи измири сите трошоци кои произлегуваат од договорот вклучувајќи ја и комуналната такса.

Деталната местоположба на микролокациите може да се види на web страна на општина Охрид – графички прилогили секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.

Образец на понуда за дел 2.1 Продажба на сладолед
Образец на понуда за дел 2.2 Продажба на сувенири
Образец на понуда за дел 2.3 Продажба на уметнички слики

Комисија за спроведување на постапка
за неиздадени слободни локации за поставување
на урбана опрема формирана со Општина Охрид
Решение бр 09-10260 /1 од 04.07.2016