ОУ „Братство Единство“ со освоени вредни награди на фестивалот „Преку иновација до подобра интеграција“

На Фестивалот на иновативни практики „Преку иновација до подобра интеграција“ кој беше организиран на 30ти јуни оваа година во Младинскиот културен центар во Скопје од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието ПМИО, беа презентирани иновативни практики од над 270 учесници и беа доделени вредни награди на наставници и училишта за успешно реализирани иновативни практики во наставата.

Наставници од ОУ„Братство Единство“- Охрид со пет апликации за иновативни практики влегоа во финале и освоија втора награда за примена на иновативната практика во наставата „Систем за собирање на дождовница“.

Преку иновативните практики училиштата ги презентираа своите мултиетнички активности кои се доказ за унапредување на меѓуетничката интеграција во образовниот систем.