Извршено второто авионско прскање против комарци

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство рано утрово го изврши второто авионско запрашување против комарци, односно авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Запрашувањето започна во 05 часот и траеше до 10 часот. Истото се одвиваше на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од Подмоље до населба Св.Наум и на територијата на град Охрид.

AvionProtivKomarci03

WebOhrid