Во мај зголемен бројот на издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2016 се издадени 292 одобренија за градење што е за 57.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 970 915 илјади денари што е за 13.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 163 (55.8%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.3%) за објекти од нискоградба и 96 (32.9%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 182 (62.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (37.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 750 станови со вкупна корисна површина од 63 183 м2.