Света литургија по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14ти Јули 2016 година (четврток), во манастирот „Св. Козма и Дамјан“ село Опеница – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.