Света архиерејска литургија за празникот Свети Андреј Критски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17-ти јули (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот Св.Андреј Критски, преп. Андреј Рубљов, преп. Марта.

Литургијата ќе биде со почеток во 9.00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

WebOhrid