ОК на ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„Општинскиот комитет на ВМРО – Народна Партија од Охрид ја повикува Владата на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ да даде одговор до каде е изградбата на најскапиот автопат во регионов, правецот Охрид – Кичево?.
Имено, според наши сознанија, овај патен правец за кој ќе се потрошат рекордно високи средства од околу 360 милиони евра за само 60 километри автопат, односно по 6 милиони евра за 1 километар автопат, наидува на сериозни проблеми и моментално работата е во прекин или со намален интензитет на работа и се изведува само на влезот од Охрид.
За таа цел сакаме Владата да даде одговор на неколку прашања.
Дали пред некој месец имаше рушење на дел од тунелот кој го гради кинеска компанија? Дали на делот по завршетокот на тунелот кон Кичево, четири пати има лизгање на земјиште и тоа од над 1 милион кубици? Дали на делот на почетокот на автопатот од страна на Кичево, кај месноста Крушино имаше лизгање на земјиште и пропаѓање на веќе пробиениот пат. Дали во пресметките се влезени и околу 17 километри постоечки пат кој планирате да биде составен дел на автопатот, а за кој 95 проценти е веќе постоечка инфраструктура и би се прикажала како нов автопат.
Секако, граѓаните на Макдонија имаат право на одговор од страна на коалицијата ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ на овие прашања и одговор на тоа кој ќе ги плати овие пропусти од несоодветниот и набрзина изработен проект и дали цената за изградба на овој правец ќе биде поголема.“– стои во соопштението.