Министерот Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ во преспанскиот регион

Денес на плажата „Конект“ на Преспанското Езеро министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ , кој се реализира во рамките на проектот „Безбедно на нашите плажи’“. Целта на овој проект е да се подигне свеста на посетителите на туристичките места за самозаштита од кражби, да се делува превентивно, како би се намалил бројот на кражби на вредни предмети на плажите, како и провални кражби од возила, камп-приколки и бунгалови во туристичките населби во Преспанскиот регион на Општина Ресен, како и зајакнување на довербата помеѓу полицијата и заедницата. Во поздравниот говот министерот Чавков меѓу другото истакна дека се предвидени и посети на сите останати излетнички места-плажи во преспанскиот регион каде ќе се реализираат средби со правните субјекти, средби со граѓаните на кои ќе им бидат поделени флаери и промотивен материјал за подобро и посликовито да се запознаат граѓаните-посетителите со превентивните активности на полициската станица од општа надлежност од Ресен, но во исто време и со превентивните активности на Отсекот за превенција од СВР Битола.