Вечерва во црквата Св. Софија, во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, со почеток во 21:00 часот ќе настапи камерното дуо Кировски, виолинистот Љубиша Кировски и пијанистката Маја Шутевска, од Македонија.
Камерното дуо „Кировски“ е основано во 1993 година и оттогаш има реализирано бројни настапи во Македонија, но и надвор од неа. Во 1997 година, дуото специјализира на Европската aкадемија во Варшава кај еминентни професори, а подоцна своите изведувачки вештини ги усовршува на Летната академија во Лозана. Како камерен состав, Кировски се добитници на повеќе национални и интернационални награди. Имаат издадено и неколку компакт-дискови со музика, претежно, од македонски композитори.