Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, охридскиот Народен театар повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“.
Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста.
Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.
Претставата е со почетокво 21:30 часот. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари. Препорачана возраст е +15.