Гужва и преполни плажи во Охрид

Деновиве Охрид е преполн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е во шпицот на туристичката сезона.

Убавото и топло време ги наполни охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот.

Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство.

WebOhrid