Идејното решение на идната модерна плажа на Охридското езеро кај Подмоље

Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година. Еве како изгледа идејното решение…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајковски, ја посети пешачката патека на брегот на Охридското Езеро во близина на село Подмоље.

podmolje-2-640x361

За изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра, но, според најавите на министерот Мисајловски, ќе биде проширена со дополнителни содржини, а предвидена е и изградба на модерна плажа со ресторан, платформи, мало пристаниште…

Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година, информира Мисајловски.

podmolje-3-640x356