Струга и годинава организатор на „Денови на македонскиот мед“

Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струга, втора година по ред ќе ја организира манифестација „Денови на македонскиот мед“.

Тридневната манифестација на пчеларите од Македонија ќе се одржи од 5 до 7 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, а на неа се очекува да учествуваат повеќе од 30 пчелари од сите делови на Македонија.

На манифестацијата се поканети претседатели и претставници на повеќе сојузи и здруженија на пчелари од Албанија, Србија, Бугарија и од Косово.

Извор:meta.mk