Спортските игралишта во Охрид мета на несовесни граѓани

И покрај апелите кои ЈП „Билјанини извори“ постојано ги упатува за совесно користење на спортската опрема која е во составен дел од СРЦ „Билјанини извори“ за жал се уште тие апели не допираат до одредени личности.

Таков пример е и денешното оштетување на заштитната ограда на новото мултифункционално игралиште кое се гради како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт. Во изминатите неколку години спортската инфраструктура, со поддршка на Владата и општина Охрид , доживува една експанзија која не се памети од самите почетоци на СРЦ „Билјанини Извори“, се со цел подобрување на спортската понуда на СРЦ „Билјанини Извори“, а со тоа и поголема можност за спорт и рекреација на сите граѓани на Охрид. ЈП „Билјанини Извори“ АПЕЛИРА до сите несовесни граѓани да престанат со несовесното користење и уништување на јавните спортски добра и при тоа се надева дека станува збор за изолирани случаи.

13672516_1382642248430454_2030113499_n

ЈП „Билјанини Извори“ поради оваа негативна тенденција ги замолува сите добронамерни корисници, да се обидат да влијаат на позитивниот развој на свеста кај сите потенцијални корисници со што во иднина би го намалиле или целосно стопирале ова вандалско и девијантно однесување на поединци.

13664639_1382642195097126_1147643727_n