Сирија: 50 загинати и 170 повредени во два бомбашки напади на ИД

Повеќе од 50 лица загинаа, а 170 се повредени во два напади во сирискиот град Камишли, каде мнозинството жители се Курди, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Како што јавуваат локалните медиуми, целта на нападите била локалната курдска милиција и владина града, а одговорноста ја презела Исламска држава.

Северниот сириски град Камишли, кој е во близина на турската граница, е под контрола на курдски вооружени формации, кои се борат против ИД. Во градот исто така се распоредени и сириски воени сили, кои го контролираат локалниот аеродром.

Извор: meta.mk