Делегации на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца ќе положат цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца по повод 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ, и тоа:

– Вечерва (1ви август) во 20:30ч во с. Велгошти,

– утре (2ри август) во 10:00ч во Охрид на Градскиот плоштад, 11:00ч во,с.Плаќе, во 11:30ч во с.Лактиње.

„Втори Август – Илинден претставува сведок на македонскиот непокор и темел на државноста на Република Македонија. Илинден е датум кога Македонија слави за успехот, за храброста и за херојството и се искажува почитта кон жртвите кои ги положија животите за слободна Македонија.“– велат од ОО на СБ Охрид и Дебрца.

ОО на СБ Охрид и Дебрца на сите граѓани на Охрид и Р. Македонија им го честита Втори Август – Денот на Републиката, најголемиот и најсветлиот празник на македонскиот народ и етничките заедници во Р. Македонија.