Концерт на „Дамјан Пејчиновски трио“ на Охридско лето

Вечерва, во 21 часот, во клубот Куба либре, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи Дамјан Пејчиновски трио“ (гитара, бас, ритам гитара, Македонија). Триото го сочинуваат Дамјан Пејчиновски, Горан Гешоски и Стефан Миладинов.

На програмата се класични дела во џез-аранжмани, како и дела од „џипси- џез“ (gypsy jazz) музиката.

Горан Ѓешовски дипломирал џез-музика на Националната музичка академија во Бугарија, а своето знаење го надградувал на бројни мајсторски курсеви кај истакнати џез- басисти. Значајна е неговата соработка со македонската етно група „Синтезис“, како и „Тавитијан брадрс трио“ (Tavitjan brothers trio) со кои настапувал во некои од најпрестижните сали во светот, меѓу кои и „Карнеги хол“ во Њујорк.

Дамјан Пејчиновски е македонски гитарист, кој своето џез-образовние го стекнал, исто така, на Националната музичка академија во Бугарија. Неговата активна изведувачка дејност вклучува концерти во повеќе земји на Балканот, а чест гостин е и на фестивалите во овој регион. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Иван Петровски е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

damjan