Охрид SOS: Да ги зачуваме плажите природни, такви каква ги дала природата

Во врска со вчерашната посета на претседателот на СДСМ Зоран Заев во Охрид, соопштение испрати Охрид SOS во кое стои:

„Охрид ЅОЅ заедно со целата еколошка јавност е непријатно изненадена од изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев во кои тој потенцира дека треба да се направи нешто со охридските плажи кои ги оцени како неуредени и обрастени во трева.

Непријатно сме изненадени и од изјавата на Зоран Заев со која го поздравува градењето на Охрид и бара уште повеќе да се гради.

Екологистите го предупредуваат Зоран Заев да стои настрана со ваквите идеи и ја повикуваме целата еко јавност да се крене и спротистави на ова безумно барање Охрид уште повеќе да се гради.

Овие изјави на Зоран Заев само го подгреваат стравот дека целата политичка клика во државата и од власта и од опозицијата стои зад една иста идеја – ПРОФИТОТ !

Да ги зачуваме плажите природни, такви каква ги дала природата, со дрва и трева и без градби на нив.“ – велат од Охрид SOS.