Голем број охриѓани даруваа крв на Плаошник

40 крводарувања беа реализирани на првиот дел од крводарителската акција „Плаошник 2016″ која се реализира вчера во ОУ „Св.Климент Охридски”, информираат од Црвениот крст.

„Изразуваме благодарност до сите крводарители кои даруваа крв на вчерашната крводарителска акција, ги охрабруваме хуманите наши сограѓани кои имаа желба,а не успеаа тоа да го направат вчера, да ја искористат втората “шанса” и можност да даруваат крв на вториот дел од крводарителската акција „Плаошник” 2016 која се реализира денес од 9-13 х. во ОУ Св.Климент Охридски.“ апелираат од Црвениот крст.