Љубомир Костовски и Горан Трпеноски кандидати на СДСМ за ад хок телото за медиуми

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски се предлози на СДСМ за членови на ад хок телото, информираат од СДСМ, за „Мета“. Од таму велат дека овие предлози ги доставиле до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги. Од ВМРО-ДПМНЕ нема информации кои се нивните предлози за ова тело кое во предизборниот период ќе ги контролира медиумите.

Ад хок телото, кое ќе работи до крајот на предвремените избори, треба да има пет члена.

Секоја од четирите партии треба да предложи свој претставник, а потоа тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Според договорот, еден член од ова тело задолжително треба да биде Албанец.

СДСМ јавно ги повика сите професионалци во сферата на медиумите и граѓанските организации, поединци и здруженија, самите да се кандидираат или да кандидираат некој друг за кого сметаат дека е соодветен да ја извршува функцијата во телото за надзор на медиумите.

Од ЗНМ веднаш излегоа со став дека нема да учествуваат во ова ад хок тело, чиј краен рок за формирање е 19 август.

Извор: meta.mk