Oткажана проекцијата на филмот „Црвениот коњ“

Проекцијата на филмот „Црвениот коњ“ во продукција на Вардар Филм-Скопје во рамките на дополнителната програма на Охридско лето што беше предвидена за вечерва од 20 часот во Центар за култура „Григор Прличев„ се откажува. Причината е презакажувањето на вчерашните активности за денеска поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што беше прогласен и Ден на жалост .

На истата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев„ од 21 часот денеска еСвечената академија по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, на Македонската академија на науките и уметностите под наслов „Корените на словенската цивилизација“.Свеченоста ќе биде збогатена со настап на Камерниот хор „Херувими“ од Скопје, кој ќе исполни црковни творби од словенско-византиската традиција.