Вчера во 15:50 часот во Охрид, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, ПМВ „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“, паркирана од Ѓ.Ч. од с.Мислешево, струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во ПМВ „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицската станица за безбедност на патиштата и собраќајот Охрид.