Стружанец заработи кривична пријава поради бесправно градење

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Г.И. (30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга на ул. „Партизанска“ без одобрение за градење започнал доградба на објект од метална конструкција со намена за вршење угостителска дејност. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен бил записник и донесено било решение од 28ми јуни годинава за отстранување на објектот.