Претставата „Магбет“ наместо на Долни Сарај ќе се игра во ЦК „Григор Прличев“

Претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Диана Добрева, во изведба НУ Албански театар – Скопје, Р.Македонија, која е на програмата на Охридско лето четврток (11.08.2016 година) од 21 часот поради временските неприлики и најавите за можни врнежи наместо на Долни Сарај ќе се игра на сцената во Центарот за култура.