Кривична пријава за стружанец поради „загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (37) од струшкото село Радолишта.

На втори овој месец околу 03.оо часот, пријавениот влегол во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга и почнал да крши шишиња и чаши. Во еден момент извадил нож и почнал да замавнува кон присутните гости во објектот и да се заканува дека сите ќе ги убие. Со брза полициска интервенција, Д.Ш. е приведен по што одземен му е нож во расклопена состојба со сечило во должина од 10 см.

Пет дена подоцна, пријавениот со нож го нападнал лицето И.М. (19) од селото Радолишта при што му нанел убодна рана во пределот на градниот кош. Настанот се случил на седми месецов во 02 часот и 30 минути, при нивна вербална расправија во касиното „Сенатор“ во Струга. Караницата и нарушувањето на јавниот ред и мир продолжило и надвор од касиното каде во еден момент пријавениот Д.Ш. извадил нож и на И.М. му нанел убодна рана во градниот кош. Истиот, со возило на брза помош е пренесен на хируршкото оделение во Општата болница во Струга каде е констатирана тешка телесна повреда нанесена од левата страна со пробив на ѕид од граден кош. Тој, поради сериозноста на повредите е задржан на понатамошно лекување.

Набрзо по настанот, полициските службеници го пронајдоа и го приведоа Д.Ш. при што му пронајдоа еден нож на расклопување со сечило од 9 сантиметри, две најлонски паковки со непозната зелена растителна материја, една рачно изработена цигара (џоинт), едно шишенце со таблети розева боја и ризли со натпис „smoking delux“.

Одземените предмети се доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.